Македонија
28. July 2020 - 17:26

Кривична пријава против битолчанка за физичко малтретирање на нејзините две деца

СВР – Битола поднесе кривична пријава против 30-годишна битолчанка за физичко малтретирање на две малолетни деца.

 СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ш.(30) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 10 мај 2020 година, пријавената во нејзиниот дом физички ги малтретирала нејзините две малолетни деца, нанесувајќи им повреди, соопштуваат од МВР.