Кривична постапка за нелегален откуп на јаболка
Една компанија која имала забрана за вршење откуп на јаболка ги отстранила пломбите и нелегално откупувала, а кај други две се констатирани долгови кон земјоделците од лани, соопшти денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски при направениот увид во откупните пунктови во Ресен.
Против сопственикот на компанијата која нелегално откупувала јаболка, според него, ќе биде поведена кривична постапка.
- Двете други компании кај кои се констатирани долгови кон земјоделците од минатата реколта, со посебно решение се задолжени да ги исплатат земјоделците со цел да може да продолжат со откуп, информира Трипуновски.
Инспекторатот, нагласи тој, го продолжи работното време на фитосанитарните инспектори во делот на извозот на јаболката со цел да нема застој и поголема мобилност на фитоинспекторите да нема застој во издавањето сертификати, а прави контроли и за начинот на вршење на откупот.
- Инспекторатот и понатаму ќе остане на терен со земјоделските и со фитосанитарните инспектори со цел откупот да помине во најдобар ред, односно трудот на земјоделецот да биде правилно вреднуван согласно квалитетот на производот, изјави Трипуновски по посетата на неколку откупни пунктови.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект