Кристијано Роналдо го покажа својот фудбалски талент по долна облека
Популарното списание „Џи-Кју“ за потребите на последната насловна страница ги „соблече“ убавата манекенка на „Викторија Сикрет“, Александра Амброзио и попуарниот фудбалер Кристијано Роландо.
Но, очигледно на „Џи-Кју“ не му беше доволно што за потребите на снимањето го соблече фудбалерот речиси гол, туку го „натера“ и да сними кусо видео.
Во видеото, Кристијано изведува разни трикови со топка и сето тоа го прави во долна облака.
Кристијано пет години мина во врска со убавицата Ирина Шејк со која раскина во јануари минатата година, затоа што наводно „не се согласувала со неговата мајка“, со кој фудбалерот е многу близок и која му е главна поддршка во одгледувањето на неговиот син, Кристијано Ронајлдо Јуниор, за кого се уште не се знае која му е мајка.
И додека Ирина моментно ужива во врската со актерот Бредли Купер, кон крајот на минатата година се појавија гласини дека фудбалерот евљубен во убавата Марис Мендес, ќерка на неговиот менаџер Хорхе.
Двојката се запознале кога нејзиниот татко почна да го застапува фудбалерот, но љубовта се родила неодамна, а русокосата убавица била и на премиерата на неговиот филм во Лондон.
На прашањето на новинарите дали „има некоја која му се допаѓа“, фудбалерот одговори: „Еве неколку од нив, но јас тежнеам за тоа што е подобро“.
Потоа тој објасни дека денес не е лесно да си најде девојка, бидејќи 50 отсто од нив се со него исклучиво од интерес.
- Но, имам многу самодоверба, висок сум, имам свои заби и добро тело па мислам дека другите 50 отсто ми приоѓаат поради тоа, се пошегува Роналдо.
Ново на Сител
-
Нетанјаху се откажа од својот кандидат за нов шеф на Агенцијата за внатрешна безбедност
-
2.508 сообраќајни прекршоци во текот на продолжениот викенд
-
Фон дер Лајен: Ииаме се што ни е треба за да ги заштитиме нашите луѓе и просперитет
-
Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО
-
Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари
-
За седум дена санкционирани 116 непрописно паркирани виозила на територија на општина Центар
-
Шекеринска - Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за стабилноста на Западен Балкан
-
Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година