Кошарка
22. јуни 2021 - 11:08

Крис Пол ќе го пропушти вториот натпревар од серијата со Клиперс поради карантин

Крис Пол нема да игра на вториот натпревар од финалето на Западната конференција против Лос Анџелес клиперс, објави Феникс санс.

Резултатот во серијата е 1-0 во корист на тимот од Аризона.

Пол сè уште е изолиран како што налага протоколот за спречување коронавирус во НБА. Медиумите пишуваа дека играчот бил позитивен на Ковид-19, но клубот не ја потврди оваа информација.

Вториот натпревар од финалето на Западот ќе се одржи вечер во три часот по полноќ, на теренот на Феникс.