Кремљ призна грешки при мобилизацијата, засега нема план за затворање на границите
Кремљ денеска призна дека биле направени „грешки“ при мобилизацијата на стотици илјади резервисти за борба во Украина, нагласувајќи дека во оваа фаза „не е донесена одлука“ за затворање на границите.
„Има случаи кога е прекршен декретот“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во врска со декретот за делумна мобилизација што го објави рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември за зголемување на бројот на војници во војната во Украина.
Тој изрази надеж дека „грешките ќе бидат поправени“.
Властите соопштија дека мобилизацијата на 300.000 резервисти се однесува само на лица кои имаат воено искуство или потребни вештини, но евидентирани се и бројни случаи на мобилизација на стари, болни или неискусни лица, како и студенти.
Откако минатата недела беше најавена мобилизацијата, беа организирани демонстрации на кои беа уапсени неколку илјади луѓе.
Голем број Руси решија да ја напуштат земјата, со оглед на зголемениот прилив на границите со Грузија, Казахстан, Финска и Монголија.
Големиот прилив предизвика стравувања дека Русија ќе им забрани на мажите во борбена возраст да ја напуштат земјата.
Песков рече дека властите „не донеле одлука“ во оваа фаза да ги затворат границите за таа категорија граѓани.
Русија се подготвува да припои четири украински региони каде утре завршуваат референдумите за припојување кон Москва. Референдумите ги осудија Украина и Западот и најавија дека нема да ги признаат нивните резултати.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ
-
Претседателката ќе го почитува Уставот
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: Еден загинат, двајца ранети