Живот
13. August 2015 - 13:13

Кражба на автомобил со „светлосна“ брзина

На паркинг во близина на градот Тебран во малезиската провинција Џохор Бару, што се граничи со Сингапур, крадец за само 10 секунди успеал да ја отовори бравата на еден автомобил, да го стартува моторот и да замине.

Случката е регистрирана со безбедносна камера од паркингот, но автомобилот украден во понеделникот, се уште не е најден.

Крадецот заедно со автомобилот го однел и паричникот на сопственикот во кој имало четири кредитни картички, најнов тип мобилен телефон Ајфон  и два куфери со облека. На бензинска пумпа, со една од украдените картички непознатиот крадец дотурил гориво.

Ова, само во текот на август, е шести случај на крадење на сингапурски возила во Малезија.

Полицијата се уште трага по сторителите, но се препоставува дека тие или се веќе расклопени или добро сокриени некаде во внатрешноста на Малезија.