-->
-->
Кратовски основци во Еразмус - проект за безбедност на интернет и заштита од булинг
-->
Петмина ученици и ментори од основното училиште „Кочо Рацин” во Кратово во рамки на проектот „Биди безбеден – безбедно пребарување на интернет и заштита од булинг” финансиски поддржан од европската образовна програма „Еразмус плус“ учествуваа во активности во романскиот град Бакау.
Во проектот учествуваат наставници и ученици од партнер-училишта од нашата земја, Романија, Шпанија, Луксембург и Финска, а домаќин на првата мобилност во рамки на проектот од 9 до 13 до декември беше училиштето „Георге Вранчеану“ во Бакау.
- Пет ученици и јас како ментор, заедно со директорката на училиштето Марина Бојковска, поминавме една работна недела во Романија за време на која проследивме презентации на сите партнер училишта. Се реализираа работилници за меѓусебно запознавање и работилници за булинг и лажни вести. Учениците научија многу, а во оваа седмица со колегите, пак, од партнерските образовни институции одржавме неколку координативни состаноци во врска со конкретните активности во остатокот од проектот што се планираат за мај 2020 година, информираше Кристина Цонкинска, професорка по англиски јазик и координатор на проектот во ООУ „Кочо Рацин” во Кратово.
Во рамки на посетата реализирани се и две екскурзии во градовите Брашов и Јаши, каде учесниците имале можност да посетат знаменитости.
- Со оваа Еразмус размена, нашите ученици се збогатуваат интелектуално и духовно, проширувајќи ги знаењата и на тема булинг и безбедно пребарување на информации на интернет, но и нивните јазични знаења, а секако го прошириуваат и кругот на пријатели, додаде Цонкинска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?