Македонија
26. September 2022 - 15:31

Краткотраен застој на патарината Романовце поради технички проблем

– На Коридорот 10 на автопатот „Пријателство“ на наплатната станица Романовце претпладнето имаше пад на системот за наплата на патарините и краткотраен застој во сообраќајот, соопшти Јавното претрпијатие за државни патишта.

– Веднаш беше интервенирано за санирање на техничкиот проблем, а во периодот додека се одвиваа работите за отстранување на проблемот на наплатата станица се премина на наплата на патарините со таканаречени интервентни билети со цел да не се созадава гужва и застој во сообраќајот, се наведува во соопштенито.

Од ЈПДП им се извинуваат на граѓаните кои мораа да го забават своето движење во правец од Табановце-Куманово-Миладиновци и обратно заради настанатиот технички проблем.