Кратка хорор-приказна за една мачкa
На интернет се случи премиерата на хоророт „Страшливo маче” (Scaredy Cat), којшто според авторите, е првиот хорор-филм за мачки. Главниот лик во филмот, се разбира, е мачка, а негативецот е – краставица.
Познато е дека мачките ретко се плашат од темнина, од вештачка имитација на себе, па дури и од непознатото и љубопитноста, што нели, според американската поговорка – „ја убива мачката“… Нашиот херој тука не се плаши ниту од црвениот сок на доматот, но скока по метар и половина кога ќе види краставица зад себе, и ништо друго не го плаши така.
Кусиот хорор-филм на Јутјуб веќе го погледнаа и луѓе од овие простори, па еден коментар гласи дека „штета е што мачката не чула за маринада и туршија”, а некои, пак, сметаат оти „филмчево заслужува Оскар”.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата