Ковид и кардиоваскуларните болести најчести причини за смрт, бројот на умрени лани зголемен за 10,7 отсто
Бројот на умрените лица во земјава лани е зголемен за 10.7 % во однос на претходната година и изнесува 28 516. Поголем број се од машки пол, и тоа 15 155 или 53.1 %. Бројот на умрените доенчиња изнесува 85, a нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 0.3 % на 100 умрени лица, соопшти Државниот завод за статистика.
Според месецот на смртта, најголем број случаи се евидентирани во април (3 212).
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 75.2 години кај лицата од женски пол, или за 3.6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем – 35.9 %, а потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавува пандемијата на КОВИД-19 со 20.6 %, неоплазмите со 13.8 %, кај 5.8 % причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, кај 4.2 % се болестите на респираторниот систем, а потоа следат други причини за смрт, но со помала застапеност.
Ново на Сител
-
При претрес во Струмица пронајдени дијаманти
-
Над 300 проекти пријавиле општините на повикот на Владата
-
Се урна уште еден дел од мостот во Дрезден
-
За заемот од Унгарија ќе се гласа најверојатно во вторник
-
Гужви на „Табановце“: За излез се чека околу 40 минути
-
М-НАВ: Отворена истрага за настанот на небото над Скопје
-
ЦУК: Дождот ќе ги зголеми водостоите на реките, но не постои опасност од поплави
-
Уставниот суд бара информации од надлежните дали се спроведува одлуката за јавен превоз за сите средношколци