Ковид-19 за 10 дена ќе го урне здравствениот систем на Швајцарија
Експанзијата на Ковид-19 во Швајцарија целосно би го урнала здравствениот систем во земјата, предупредува раководителот на Канцеларијата за заразни болести на Швајцарија, Даниел Кох. Вели дека неговите стравувања се сосема оправдани, поради фактот што вирусот засега се пренесува со невидена брзина. Последните информации, како што потенцира Кох се дека досега во Швајцарија се заразени 2.742 лица, а починале 27 пациенти.
„Луѓето кои денеска се заразија ќе не контактираат дури за 10 дена. Мораме да бидеме сигурни дека експанзијата на вирусот ќе забави уште денеска. Во спротивно, за 10 дена швајцарските болници болници ќе бидат преполни и нема да можат да се изборат со тоа“, вели Кох.
Швајцарските власти ангажираа дури 8.000 војници кои им помагаат на јавните служи и на медицинскиот персонал, а имаат на располагање уште 1.000 до 1.200 места на одделенијата за интензивна нега.
Според Кох, забразаниот пораст на бројот на заболени ги оневозможува властите да дојдат до точни податоци за бројот на ново инфицирани.
Ново на Сител
-
Светската банка: Најсиромашните земји во светот се соочуваат со рекордна задолженост и ранливост
-
Грејната сезона почнува утре
-
Се урна мал авион во САД, загина пилотот
-
Мицкоски, Муцунски, Тошковски и Муртезани ќе учествуват на Берлинскиот процес
-
Необјавени песни на Џими Хендрикс одат на наддавање
-
Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна
-
Урнато легендарното мафијашко казино „Тропикана“ во Лас Вегас
-
Босанка подарува куќа на семејство погодено од поплавите