Ковид-19 придонесе на бројот на склучени бракови и новородени деца во Кина
Ковид-19 придонесе за намалување на бројот на бракови и раѓања во Кина, на кои во последните години влијаеа и високите трошоци за образование и одгледување деца, објави кинеската Национална здравствена комисија. Многу жени ги одложуваат своите планови да се омажат или да имаат деца, соопшти Комисијата, додавајќи дека брзиот економски и социјален развој довел до „длабоки промени“.
Тие посочуваат дека има одредена улога кај младите кои се преселуваат во урбаните средини и тоа што тие повеќе време поминуваат во стекнување образование или во работните средини каде се под висок притисок.
Демографите сугерираат дека бескомпромисната кинеска политика „нулта стапка на ковид“ придружена со строга контрола врз животите на луѓето може да предизвика длабока и трајна штета на нивната желба да одлучат да имаат деца. „Коронавирусот имаше јасно влијание врз договорите за брак и раѓање деца“, наведе Комитетот.
Ново на Сител
-
Две лица загинаа, 10 се водат како исчезнати во поплави во источна Кина
-
Во Србија ќе се формира тело од 10 членови за ревизија на избирачкиот список
-
30-годишник од Шутка ја принудувал петгодишната ќерка да питачи во Дебар
-
Едногодишно дете од Липковско се затруло со лекови
-
Малолетник повреден при пукање на семејна веселба во кичевско
-
Приведен 29-годишник од Кавадарци, управувал возило со 2,92 промили алкохол во крвта
-
Македонија и „Казанџи Холдинг АС“ со нов енергетски проект вреден милијарда евра
-
До сабота многу топло со температури над 40 степени