-->
-->
Ковид-19: Од понеделник средношколците и студентите во Република Српска се враќаат во клупите
-->
Средношколците во Република Српска ќе се вратат на училиште во понеделник, а тогаш и факултетите ќе почнат со работа, беше одлучено на седницата на Штабот на вонредни состојби на РС.
Министерот за здравство на РС Ален Шераниќ истакна дека ова се единствените промени во однос на претходните мерки, кои остануваат во сила.
– Локалните самоуправи имаат право да донесуваат индивидуални одлуки, како што е случајот со Требиње, каде наставата се одвива на далечина – рече Шераниќ.
Тој посочи дека епидемиолошката состојба е малку поповолна, и дека се бележи помал број на заразени лица. Шераниќ дополни дека Штабот го овластил Институтот за јавно здравје да набави дополнителни 160.000 дози за вакцинирање на 80.000 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот
-
Просечна излезeност до 15:00 часот
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот