Ковид-19: Азиските земји се соочуваат со втор бран на зараза, но со случаи од странство
Јужна Кореја, Кина и Сингапур се меѓу азиските земји кои се соочуваат со втор бран на новиот коронавирус, поттикнат од луѓето што од странство влегуваат во тие земји, јави Би Би Си..
Кина, каде се појави вирусот, вчера потврди дека нема нови домашни случаи, првпат од почетокот на епидемијата. Меѓутоа, пријави нови 34 случаи меѓу луѓе кои неодамна се вратиле во Кина.
Сингапур, исто така, јави за 47 нови случаи, од кои 33 се увезени, при што 30 од нив се жители на Сингапур кои неодамна се вратиле од друга земја.
Јужна Кореја денеска јави за скок во бројот на инфицирани, со 152 нови случаи, но засега не е познато колку од нив дошле од друга држава.
Јапонија вчера извести за три нови случаи. Но, Хокаидо, најтешко погодениот јапонски регион со 154 случаи, ја укинува вонредната состојба – воведена на крајот на февруари – откако властите соопштија дека ширењето на вирусот изгледа завршува. Тие ги повикаа луѓето да останат претпазливи и да останат во своите домови, но посочија дека нема наплив на заразени пациенти што довело до колапс на здравствениот систем.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо