Ковачки: Зарко Милошевски го заташкува случајот со Онишченко
Зарко Милошевски е најодговорен за давањето на Македонско државјанство на рускиот олигарх Онишченко, тој е функционерот од АНБ кој со свој потпис ја одобрил позитивната проверка пратена до МВР.
Милошевски наместо да биде суспендиран и да се спроведе независна истрага за целиот случај, тој е именуван за директорт на АНБ од страна на Ковачевски, а со тоа тој може и да влијае на истрагата.
Зарко Милошевски не чекал многу, и по назначувањето почнува да влијае на истрагата. Предмет на истрага биле двајца вработени во АНБ, но не и Милошевски, како крајно потпишан, а со тоа и најодговорен.
Зарко Милошевски ја расформирал дисциплинската комисија која веќе работела на случајот и формирал нова комисија. Новата Комисија е составена од блиски луѓе на Зарко Милошевски. Комисијата почнува истрага од ново, но врз стара основа.
Да појасниме подетално, Комисијата која ја формира Зарко Милошевски почнува од ново, но ги зема во предвид исказите дадени пред старата комисија. Според нашите сознанија правниците во АНБ им укажале на членовите на Комисијата дека прават суштинска повреда, затоа што се работи за нова постапка и дека се треба да се повтори. На членовите на Комисијата им било укажано дека не можат да важат истите искази, и дека мора формално правно да се даде нов исказ со нови записници и докази, но тие биле замолчувани.
Каде е суштината? Милошевски со формирањето на нова Комисија не ги штити двајцата вработени во АНБ против кои е покрената постапката, туку себе си, бидејќи тие хиерархиски се под него, а тој бил функционерот кој ја одобрил проверката.
Формирањето на нова Комисија составена од блиски луѓе на Зарко Милошевски има само за цел да ја заташка реалната истрага. Зарко Милошевски знае дека е директно одговорен во постапката за давање на државјанство на Онишченко, бидејќи тој ја одобрил позитивната проверка, а Виктор Димовски го потпишал актот што тој го одобрил.
Зарко Милошевски и Виктор Димовски морале да знаат на кого даваат државјанство. Тие се први лица во АНБ и неможе да се вадат на пропусти на пониските ешалони, дотолку повеќе што функцијата на Милошевски е одобрување на проверката, и тој морал да се запознае со случајот. Затоа оставка од Зарко Милошевски и запирање на постапката за испраќање на Виктор Димовски за амбасадор во Париз.
Прес-конференција пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки
Ново на Сител
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило
-
Малолетник прободен со остар предмет на подрачјето на Бит Пазар
-
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули
-
Приведен 52-годишен тетовец, управувал возило со 2.63 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресурси на државата
-
Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу
-
Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во близина на Солун
-
Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро | ФОТО