Македонија
4. December 2021 - 19:43

Ковачки: Христијан Мицкоски има потполн кредибилитет да продолжи да биде наш претседател

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки вечерва во Тема на денот на Сител во врска со изборот на претседател на ВМРО-ДПМНЕ на 12 декември изјави дека целосно го поддржува Христијан Мицкоски.

-Што се однесува до изборот на претседател на ВМРО-ДПМНЕ на 12 декември засега само претседателот Мицкоски ја има објавено кандидатурата. Не можам да шпекулирам за други кандидати но факт е дека Мицкоски со резултатите од локалните избори го освои и легитимитетот и има потполн кредибилитет да продолжи понатаму да биде наш претседател. Јас лично ја давам мојата поддршка за претседателот Христијан Мицкоски, истакна Ковачки.