Ковачевски: Во понеделник пуштање во употреба на уште еден енергетски капацитет
Мислам дека до вечер ќе бидат финализирани мерките за најранливите категории граѓани и дека до понеделник ќе се најават, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Одговорајќи на новинарски прашања по настанот за потпишување договор за спонзорство меѓу М -ТЕЛ и КК Работнички, Ковачевски најави дека во понеделник ќе биде пуштен во употреба уште еден енергетски капацитет.
-Во понеделник ќе има пуштање во употреба на уште едне производствен енергетски капацитет. Верувам дека во мојот досегашен мандат од девет – десет месеци ќе имаме скоро еднакво инсталирана моќност на нови производствени капацитети на електрична енергија колку што биле инсталирани во последните 30 години, истакна Ковачевски. Тој повтори и дека ова е време на солидарност, кога мора сите да помогнат за полесно пребродување на кризата.
Ковачевски уште еднаш кажа дека парно за Скопјани ќе има, а ако енормно се зголеми цената гасот, тогаш државата е подготвена, како што рече, со алтернативно гориво да ги загрева домовите на граѓаните.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?