Македонија
14. January 2022 - 18:50

Ковачевски: Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат цела грејна сезона

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада, Димитар Ковачевски на Фејсбук објави дека Владата ги активирала сите механизми, и оти е обезбедено парно греење за скопјани.

-Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура. Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно, стои во објавата на Ковачевски.