Ковачевски: Ребалансот на Буџетот е насочен главно кон справување со економската криза
Ребалансот на Буџетот е насочен главно кон справување со економската криза, ревидирање на фискалните проекции, преструктуирање на буџетските расходи, задржување на фискалната одржливост и оптимизација на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, изјави денеска во Собранието премиерот Димитар Ковачевски.
Одговарајќи на прашање од пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ, Ковачевски рече дека вкупните приходи со ребалансот се предвидува да бидат зголемени за 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повеќе од иницијално планираниот Буџет, додека вкупните расходи се планирани на ниво од 288 милијарди денари или за 16 милијарди денари или 5,9 проценти повеќе во однос на иницијално планираните, кои што нагласи дека ќе се искористат исклучиво за поддршка на стандардот на граѓаните, за поддршка на економијата и за поддршка на ликвидноста на компаниите, но и за обезбедување финансиски средства за енергетскиот сектор.
Ковачевски посочи дека имаме надолна корекција на БДП и зголемување на проекцијата на инфлацијата на 7,2 проценти, додека со ребалансот успеале да направат намалување на непродуктивните трошоци и на трошоци кои што не мора да се направат во износ од 215 милиони евра.
– Тоа никогаш досега не е направено, меѓутоа со оглед на ситуацијата и дека не очекува навистина тешка зима, сметавме дека треба да се направи значително намалување на расходите кои што не мора да се случат оваа година. Тие средства, зголемени со проширениот дефицит се наменети за финансирање на животниот стандард на населението. Имаме оставено дополнителни 76 милиони евра во резерва, потоа дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, изјави Ковачевски.
Обезбедени се, посочи премиерот, и средства за непречена исплата на пензиите и платите, како што е договореното зголемување со СОНК, но и предвидените зголемувања на платите во МВР, во Судскиот систем и другите функции во државата, кои што беа предмет на разговори со синдикатите.
Врз основа на овие влезни податоци, Ковачевски рече дека е планирано зголемување на дефицитот на ниво од 5,3 проценти.
Ново на Сител
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка