Бизнис
2. December 2022 - 16:30

Ковачевски: Прогресивниот данок не се укинува, нема да биде воведен од следната година

Прогресивниот данок сепак не се укинува. Нема да се применува од наредната година, но консултациите со бизнис заедницата и засегнатите ќе почнат веднаш, откри премиерот Ковачевски. Овој данок предвидуваше тие што земаат повиски плати, да плаќат повеќе. Сега ќе се земаат во предвид вкупните примања на семејството, а не само платата на еден член.

- Таа дискусија ќе продолжи во иднина. Но ќе имаме консултации и со Стопанските комори и со бизнис заедницата, оние кои го плаќаат данокот за своите вработени. И ќе треба ново софтверско решение за УЈП, кое ќе треба да ги гледа вкупните примања во домаќинството, изјави Димитар Коваческси, премиер.

Даночната реформа каде не се воведуваат нови даноци, а прогресивниот е одложен, бизинисот и експертите ја оценија како добра, бидејќи ако стапеше на сила – сериозно ќе влиајеше и врз стандардот кај граѓаните и врз ликвидноста кај компаниите. Сепак, тие побараа појаснување како ќе се намалува сивата економија. Ковачевски реплицира – оние што не се конкурентни и силни на пазарот, ќе продолжат да работат – за останатите – ќе се воведе Е фактура.

Реформата стапува на сила од 1 јануари и според очекувањата, во буџетот ќе донесе 70 милиони евра.