Македонија
21. November 2022 - 16:36

Ковачевски потврди дека се во тек преговори за нова владина коалиција, ВМРО-ДПМНЕ го чека одговорот на граѓаните на избори

По Ахмети и премиерот Ковачевски сега потврди – се водат преговори со Алијанса за проширување на коалицијата. Сепак нема детали кои ресори можат да и се отстапат на партијата на Таравари за парламентарното мнозинство на своето конто да ги добие и осумте пратеници на Алијанса.

Од Влада не откриваат со кој партики лидер е предвидено неделава да се сретне Ковачевски, откако тој самиот минатата недела најави дека средбата е веќе закажана.

За опозицијата пак прашање на политички легитимитет е дали Алијанса ќе одлуи да влезе во владата на СДСМ – ДУИ. Оставаат граѓаните да одлучат дали доверба ќе им дадат на оние кои менуваат ставови...

Од Алијанса за Албанците молк по средбите и во Мала Речица, од каде излегоа неофицијални информации дека ДУИ може да отстапи две министерства на партијата на Таравари, во замена за правда. Ќе коментирале кога ќе добијат конкретна понуда од Влада. Алтернатива на Африм Гаши засега не била консултирана од Ковачевски, иако тие преку писмо го потсетија кои биле условите за владино коалицирање.