-->
-->
Ковачевски: Податоците од пописот се основа за реални и насочени политики за развој
-->

„Јас имам работено 22 години во реалниот сектор и секогаш кога се прави деловен план за почетокот на следната година се земаат податоци за резидентното население во државата. Податоците од официјалниот последен попис за население даваа погрешни инпути во старт во деловното планирање и во други планирања во општествени сфери, и тоа едноставно повеќе не беше одржливо“, нагласи премиерот Ковачевски.
Ковачевски додаде дека што се однесува до етничката застапеност намалувањето на бројот на населението и тоа намалување е исто распределено кај сите етнички заедници, и дека тоа е заедничко за сите земји од Балканот.
„Затоа овој попис е од значење за да креираме економски политики кои што ќе се свртат кон човечкиот капитал, кон инвестициите и кон отворање на поголеми можности, особено за младите да останат во земјата“, рече Ковачевски во емисијата „360“.
Пописот е спроведен врз основа на методологија која што е одобрена од страна на „Евростат“ и со присуство на експерти од ЕУ со користење на најсовремена техника и плус се работи за комбиниран модел на попис при што се користени 9 бази на податоци од најразлични институции од државата со цел да се добијат вкрстени податоци.
Сега кога се објавија податоците, посочи премиерот Ковачевски, пописот го критикуваат тие што правеа најголеми опструкции, и додаде дека освен што пописот се спроведе во услови на ковид, тој се соочи со активен и скриен бојкот од опозицијата, односно од Левица и ВМРО – ДПМНЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МПЦ-ОА одбележува 1700 години од Првиот вселенски собор на кој присуствувале и тројца македонски епископи
-
Полагањето на државната матура почнува денеска со првиот екстерен испит
-
Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
-
Денеска и утре во Скопје авионска дезинсекција против комарци
-
Сончево и потопло, попладне можен краткотраен дожд и грмежи
-
Македонските фудбалерки со бод од гостувањето во Летонија ја завршија Лигата на нации
-
Гостиварчанец ја нападнал својата вонбрачна сопруга со метален предмет, а потоа ја силувал
-
Уапсен прилепчанец, криумчарел 13 кг тутун и текстил