Македонија
4. јуни 2021 - 13:06

Ковачевски: Опозицијата собира политички поени и врши притисок врз независните институции

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски изјави дека опозицијата две години со измислена афера за него се обидува да собере политички поени, но и да влијае врз незвисното одлучување на судството и обвинителството.

Ковачевски рече дека две години во јавноста, почнувајќи од минатата година кога во предизборието имаше некаква паника кај опозицијата се зборува за некаква афера.

-Слободно можам да кажам дека во изминатиот период, јавните настапи и соопштенијата од опозицијата се со цел добивање политички поени, но и да вршат притисок врз независните институции, односно врз судството и обвинителството. Ние како компанија, односно АД ЕСМ и РЕК Битола на истражните органи им ги дадовме сите документи кои од нас беа побарани и затоа и во оваа прилика апелирам до политичките партии да остават судството и обвинителството независно да работаат и согласно закон да одлучуваат. За епилогот дополнително ќе информираме и ќе потврдиме дека непотребно се зборувало за некаква афера, изјави Ковачевски.