Ковачевски најави средба меѓу оризопроизводителите и ресорниот министер
Кочанските оризопроизводители утре ќе го блокираат регионалниот пат Штип-Кочани кај селото Облешево. Меѓу барањата на оризопрпроизводителите е средба со премиерот и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел да се најде решение за откупната цена на оризовата арпа. Премиерот, Димитар Ковачевски при денешната посета на фабриките во ТИР зоната во Штип на оризопроизводители им порача дека ресорниот министер и неговиот тим ќе имаат средба на којашто можат да ги презентираат барањата.
-Ние за секој ресор имаме министерство во рамки на Владата, така да министерот за земјоделие со својот тим нормално, со сиот капацитет, со кој располага министерството за земјоделие ќе ги сослуша, ќе ги погледа барањата на оризопроизводители и во согласност со Програмите со коишто располага државата, согласно буџетските средства и согласно плановите јас се надевам дека ќе изнајадат решение со кое ќе биде на обостран интерес, вели Ковачевски.
Протестот на кочанските оризопроизводители е најавен утре во 10 часот во селото Облешево.
Ново на Сител
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила