Ковачевски на Делфи форумот ќе се сретне со Ескобар, Лајчак и Курти
Премиерот Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација на седмиот Делфи економски форум во Грција.
На Делфи економскиот форум, денеска премиерот Ковачевски ќе оствари работни состаноци со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, како и со косовскиот колега, Албин Курти, најави владината прес-служба.
Дополнително, предвидени се средби и со поранешниот британски премиер Тони Блер и со поранешниот премиер на Грција и лидер на „Сириза“, Алексис Ципрас.
На Форумот се присутни и премиерите на Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, со што и оваа година предвиден е посебен дел посветен на Западен Балкан. На седмиот „Делфи економскиот форум“ насловен „Нови Реалности“ потврдени се скоро 800 говорници од над 36 земји. Опфатени се низа теми, како што се светската безбедност, глобалната економија, климатските промени, иднината на ЕУ, технологијата, здравството, општеството и културата.
Ново на Сител
-
Во Хрватска во тек се апсења и спроведување на итни доказни дејствија
-
Македонската федерација за дигање тегови денеска оствари средба со Балканската вејтлифтинг федерација
-
Тајсон му залепи шамар на Џејк Пол во последното соочување | ВИДЕО
-
Зеленски следната недела ќе претстави план од 10 точки за внатрешна безбедност
-
Четири пожари на отворено изминатото деноноќие
-
Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
Од денеска задолжително поседување зимска опрема
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски