-->
-->
Ковачевски – Минчев: Соработката на парламентите на двете земји е исклучително важна за заедничка иднина во ЕУ
-->
Оваа годишнина, како и одбележувањето 15 години од приемот на Република Бугарија како полноправна членка во ЕУ, како симболични датуми ќе бидат преточени во еден нов датум, кој ќе биде препознаен по решавањето на отворените прашања меѓу двете соседни и пријателски земји со што ќе се создадат услови за заедничка иднина во европското семејство, истакнал премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба во Софија со претседателот на бугарското Собрание, Никола Минчев.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата премиерот Ковачевски го поздравил одбележувањето на 30-годишнината откако Република Бугарија прва донесе одлука да ја признае Република Македонија на 15 јануари 1992 година, со што беше отпочнат процесот на верификација на нашата држава на меѓународен план и на воспоставувањето на дипломатски односи со повеќе држави.
На средбата била истакната како исклучително значајна иницијативата на парламентите на Бугарија и Северна Македонија за потесна соработка и во дополнителни формати, покрај оние кои веќе постојат како стандардни пратенички групи за соработка меѓу пратениците на двете земји.
На средбата била истакната како исклучително значајна иницијативата на парламентите на Бугарија и Северна Македонија за потесна соработка и во дополнителни формати, покрај оние кои веќе постојат како стандардни пратенички групи за соработка меѓу пратениците на двете земји.
Во состав на владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски беа и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари