Македонија
8. јуни 2023 - 16:43

Ковачевски го свика партискиот врв, Мицкоски чека одлука

Ковачевски сфатил дека опозицијата го променила ставот за уставните измени па за утре попладне ги свикува највисоките партиски тела на СДСМ. Владејачката партија е на ставот дека по вчерашната лидерска средба има нови околности на македонската политичка сцена па ќе се координира за начинот и формата со која што ќе продолжат разговорите од опозицијата. Брифингот кој утрово го лиферуваа од Бихаќка го потврди и партиската портпаролка

За ВМРО-ДПМНЕ е прифатлива промена на Уставот само откако ќе станеме членка на ЕУ, повтори Мицкоски прецизирајќи дека заедничка влада со СДСМ без ДУИ може да имаат само до следните избори, за како што вели, да спречат изборни злоупотреби.

Понудата на опозицијата за промена на Уставот заедно со ратификацијата на членството во ЕУ не е нова на македонската политичка сцена. ВМРО-ДПМНЕ и претходно прифати внесување на Бугарите во Уставот но со гаранции дека тоа ќе биде нивното последно условување, позиција за која што Владата рече дека нема начин да се обезбеди.