Ковачевски ги отфрли информациите за реконтрукција на Владата
Владата во моментов функционира со мнозинство од 64 пратеници и тоа беше потврдено на изборот на новиот министер за локална самоуправа. Се што се пишува за реконтрукција на Владата е во доменот на шпекулациите во овој момент, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Ковачевски одговараше на новинарско прашање за медиумските написи за реконструкција на Владата до Нова година и за смена на министерот за здравство Беким Сали со кадар на Алијансата за Албанците.
-Јас не сум ги видел утрово натписите за кои што зборувате. Во моментов, Владата функционира со мнозинство од 64 пратеници и тоа беше потврдено на изборот на новиот министер за локална самоуправа. Јас не сум имал разговори како премиер бидејќи премиерот предлага министри во Владата во однос на реконструкција на Владата така што се тоа што се пишува е во рамките на шпекулации во овој момент, рече Ковачевски.
Премиерот заедно со Сали беа на настан во Градската општа болница „8 Септември“ на кој беше отворен нов дијагностички центар.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори