Ковачевски достави до Собранието предлог за реконструкција на Владата
Премиерот Димитар Ковачевски достави до Собранието предлог за реконструкција на Владата. Нови кадровски решенија има за министри во четири министерства, за правда, за здравство, за информатичко општтсво и администрација и заживотна средина и просторно планирање, како и за заменици министри во пет министерства.
Владината прес-служба претпладнево соопшти дека за министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога, со Министерството за здравство, Фатмир Меџити, со Министерството за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, а предлогот за министер во Министерството за животна средина и просторно планирање е Каја Шукова.
Предложени се заменици министри во Министерството за одбрана и Тирон Јајага, во Министерството за правда - Викторија Аврамовска-Мадиќ, во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство - Вјолца Бериша, во Министерството за здравство - Маја Манолева, а во Министерството за образование и наука - Агим Нихиу.
Реконструкцијата на Владата Ковачевски ја предлага по заокружувањето на преговорите за влез во владиното мнозинство на Алијансата за Албанците.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот