Костадинов: Оние кои сакат децата крв да ви плукаат – фотошопираат, злоупотребуваат медиуми и лажат
Оние кои сакат децата крв да ви плукаат, денес фотошопираат, злоупотребуваат медиуми и лажат дека сум купил вила, објави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на Твитер, реагирајќи на објавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук – „Децата крв ќе ви плукаат”.
– Оние кои сакат децата крв да ви плукаат, денес фотошопираат, злоупотребуваат медиуми и лажат дека сум купил вила. Го жалам Димчето Апасиев-Мали Трамп. Тонете фејкери, напиша Костадинов на Твитер.
Претходно денеска и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција ја осуди објавата на Апасиев, оценувајќи како скандалозна, екстремна и заканувачка.
– Скандалозна, екстремна и заканувачка порака испрати лидерот на Левица, на својот Фејсбук профил кој подоцна го избриша. „Децата крв ќе ви плукаат”, е пораката што Димитар Апасиев и раководството на Левица им ја упаќаат на граѓаните. И покрај тоа што Апасиев се обиде да ја сокрие од социјалните мрежи, ништо не може да ја избрише оваа радикална изјава полна со омраза, наведе Кузеска.
Нагласувајќи дека „говорот на омраза е неприфатлив“, Кузеска додаде дека тој е еднакво присутен како и ширењето дезинформации и лаги, зад кои се крие истата цел – поделба на граѓаните, дискредитирање и тоа сее само заради партиски и лични интереси.
Ново на Сител
-
Велика Британија испраќа 650 проектили за Украина за заштита од руски напади
-
Вучиќ: Oдлука за поканата на Путин ќе ја донесам на 10 или 15 октомври
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче криел фирма во Бугарија
-
Пад на извозот, зголемен увозот - трговскиот дефицит до јули 1,92 милијарди евра
-
Вработени во земјава се 691 736, а невработени 98 416 лица
-
Расте интересот за производство на струја од обновливи извори
-
Андоновска: Апел до матичните, суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна или во ИЈЗ
-
Во наредните денови променливо облачно и посвежо со дожд и грмежи