Костадинов: Мицкоски призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
На прес конференцијата одржана во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец.
Ајде сега Христијан Мицкоски нека излезе пред граѓаните и нека признае дека во Унгарија се сретнал и со Никола Груевски?
Дали Мицкоски во Унгарија и во Словенија се среќавал со уште некој и нека признае зошто?
Граѓаните, целокупната јавност, очекуваат одговори на овие прашања.
Со кого Мицкоски се координира за да ја спречи интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ?
Очигледно на Мицкоски му е мала сопствената земја за да ги сокире шемите негови против напредокот, реформите и правдата.
Улогата на Мицкоски посетепено се потврдува.
Нема да успеваат неговите обиди да ги одбрани криминалите на тајкуните на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.
Со сигурност нема да успее да ја попречи правдата во Република Северна Македонија, ниту пак ќе успеат неговите силни напори да ја спречи интеграцијата во НАТО и ЕУ.
Јасно му порачуваме на Христијан Мицкоски дека одговороност ќе има за секој што се огрешил пред законот.
Ново на Сител
-
Околу два милиони денари од хуманитарниот пикник на Алкалоид за СОС Детско село
-
Непалците ја користат нашата држава како попатна станица кон Европа
-
Од 30-ти септември до 2-ри октомври „Денови на модата“ во Штип
-
Израел се подготвува за инвазија во Либан
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема