Костадинов: Мицкоски да се пријави во Шутка откако излегоа докази дека соработувал со Кичеец
Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се пријави во затворот во Шутка откако во јавноста се појавиле докази оти соработувал со Зоран Милески Кичеец.
– Јавноста ја дозна вистината, потопени се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за случајот познат како „Рекет“ кој очигледно води директно до белиот дворец. Објавени снимки потврдија дека Христијан Мицкоски имал средби и директна соработка со веќе осудениот Зоран Милески Кичеец. Еден ден по објавувањето на вистината Мицкоски сè уште се нема појавено во истржниот затвор „Скопје“ популарно наречен Шутка.
Иако, Мицкоски јавно, во едно интервју рече дека сам ќе се пријавел во затворот Шутка ако се објави доказ дека тој имал нешто со Кичеец.
Додека размислува за сопственото пријавување Мицкоски треба да одговори: Што сакаше да сокрие Мицкоски со неговите лаги? Дали сакаше да ја сокрие поврзаноста со Кичеец и Орце Камчев? Или можеби поврзаноста со случајот „Рекет“?
Дали на оваа средба од која искочија неколку снимки се разговарало и за други задачи кои требало да ги изврши Зоран Милески – Кичеец? Очекуваме дека Мицкоски ќе одговори на сите овие прашања – рече Костадинов на денешната прес-конференција.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник