-->
-->
Костадин Костадинов се откажа од користење на службено возило и службен телефон
-->
Новоизбраниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов преку социјалните мрежи соопшти дека се откажал од службеното возило и службениот телефон.
-Не за службено возило од општината, не за службен телефон на сметка на општината и граѓаните. Една од првите одлуки кои ќе ги предложам до советот на општина Струмица ќе биде продажба на службеното возило на градоначалникот, финансиите од средствата ќе бидат наменети за проект Младински Културен Центар во Струмица. Само на тој начин ќе ја реализираме нашата заедничка главна цел, Струмица Европски главен град на младите, напиша Костадинов.
Претходно од службените возила се откажаа новите градоначалници на Штип Иван Јорданов, на Гази Баба Боби Стефковски, и Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа