Косовското обвинителство најави обвиненија за убиството на Ивановиќ во текот на ноември
Специјалното обвинителство на Косово се очекува во текот на месец ноември да ги подигне првите обвиненија за осомничени за убиството на еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, што се случи пред речиси две години, јави дописникот на МИА од Приштина.
Информацијата, во изјава за порталот „Газета Експрес“, ја објави специјалниот обвинител Сиљ Хоџа, кој вели дека Обвинителството поседува нови докази во врска со убиството на Ивановиќ, но дека тие ќе бидат обелоденети по подигнувањето на обвинението.
– Ние непрекинато работиме на овој случај. Ќе имаме обвиненија за неколку лица и тие ќе ги подигнеме во текот на овој месец, изјави Хоџа.
Според приштинскиот портал, станува збор за вкупно пет обвиненија, а сите осомничени се припадници на српското малцинство.
Од она што досега е објавено, седум лица се доведуваат во врска со убиството во Северна Митровица, додека главниот осомничен, Милан Ракиќ е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.
Оливер Ивановиќ беше убиен на 16 јануари 2018 година во Северна Митровица, недалеку од неговиот дом, пред седиштето на неговата партија – Граѓанска иницијатива Србија, демократија, правда (СДП).
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп