Косовскиот министер за финансии Мурати посипан со брашно
Активисти на опозициската Социјалдемократска партија на Косово (ПСД) изведоа денеска симболична акција против министерот за финансии, Хекуран Мурати, кого го обвинуваат дека им објавил војна на работниците, јави дописникот на МИА од Приштина.
На видеото што го сподели лидерот на ПСД, Дардан Молиќај се гледа како двајца активисти го посипуваат Мурати со брашно на паркинг во центарот на косовската престолнина. Министерот без воопшто да прозбори продолжува кон своето возило, тресејќи го брашното од облеката.
– Симболична акција за работниците. Не може да се нормализира војната без преседан што Хекуран им ја објави на работниците. Затоа, акција, интервенција, отпор, напиша Молиќај. Просветните работници, но и други вработени во јавниот сектор, од пред неколку дена се во штрајк, со барање за зголемување на платите, поради што во речиси сите училишта во Косово учебната 2022-23 година не започна на 1 септмври.
Мурати одбива да им ги исплати платите за минатиот месец на оние што штрајкуваат, односно се заканува дека тие ќе им бидат намалени за времето поминато во штрајк, поради што образовниот синдикат пред два дена, во четвртокот, поднесе кривична пријава против него. Вонпарламентарната ПСД ја формираа незадоволни поранешни членови на раководството на Движењето самоопределување, партијата на премиерот Албин Курти, чиј член е и министерот Мурати.
https://
Ново на Сител
-
Фатен на дело крадец во Битола
-
Во Ниш ќе се одржи централен дел од сенароден собир, Вучиќ најави претставување на нова програма за Србија
-
Сиљановска-Давкова до Мајнл-Рајсингер: Да се стави крај на македонскиот маратон кон Брисел
-
Во руски напад со дронови врз автобус во Украина загинаа девет лица, четворица повредени
-
Најмногу дожд во Крушево
-
Црвен крст Центар домаќин на вториот регионален натпревар по прва помош
-
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
-
Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство