-->
-->
Косово доби војска
-->
Косовското Собрание со гласовите на сите присутни пратеници, на денешната пленарна седница ги усвоија законите со кои досегашните Безбедносни сили (ФСК) практично прераснуваат во Војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
За трите закони, оној за Министерството за одбрана, за ФСК, и за службување во ФСК, гласаа сите 107 пратеници присутни на седницата, од 120 колку што вкупно брои косовскиот Парламент.
Гласот „за“ формирање на војската го дадоа сите пратеници Албанци, и од власта и од опозицијата, како и оние на немнозинските етнички заедници, освен претставниците на косовските Срби. Десетмината пратеници на Српската листа ја бојкотираа денешната седница.
Во Приштина се најавени манифестации за прослава на стекнувањето на Косово со Вооружени сили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројца сведоци на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
33 години затвор за 13 велешани за силување малолетничка
-
Сирени за тревога во Киев, затворени неколку амбасади
-
Владата без дилема дала поддршка за кандидатурата на Шеќеринска, Мицкоски телефонски и честитал
-
Владата ја следи ситуацијата
-
Уставниот суд ќе расправа за 20-тина дена за Законот за јазици
-
Скопје остана без јавен превоз, автобусите на ЈСП немаат гориво - Хаос по постојките
-
За еден месец храната поскапела за 600 денари, кошницата надмина 62,000 денари