-->
-->
Косово: Четворица полицајци повредени, 13 лица приведени
-->
Четворица полицајци се повредени, а 13 демонстранти се приведени денеска во Приштина, за време на судирите меѓу опозицијата со полицијата, соопшти косовската полиција, јави Танјуг.
За време на демонстрациите, полицијата, како што се наведува, запленила торба полна „молотови коктели“, а предизвикана е значителна материјална штета.
Полицијата, меѓутоа, не го потврди пишувањето во медиумите дека еден шестгодишник, изгубил свест од последиците на вдишувањето солзавец.
Во врска со тоа се огласи Советот на родители на Косово во соопштение во кое е изразена загриженост поради вклучувањето на деца и ученици во протестите и разни собирања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план
-
Таравари со отчет за првите 100 дена: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство
-
СДСМ: За 100 дена влада нула мерки и закочени субвенции
-
Еден затвореник ја чини државата 10 илјада евра годишно, како да се реши пренатрупаноста во затворите?
-
Зголемена потребата од негуватели
-
Преглед на вестите од светот
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?