Кошта : Иднината на Западен Балкан е во ЕУ
Иднината на Западен Балкан е во ЕУ и треба да се работи тоа да се постигне. Ова вчера го порача новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, на вечерата со лидерите на Западен Балкан, а на која присуствувале и новата висока претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас и комесарката за проширување Марта Кос.
Иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Ајде да работиме за да го оствариме тоа. Ова е пораката што ја испратив, заедно со Каја Калас и Марта Кос на денешната вечера со лидерите на Западен Балкан“, пишува Кошта во објава на Икс.
На вчерашната вечера покрај македонскиот премиер Христијан Мицкоски, присуствуваа и лидерите на Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а целта беше новиот шеф на Европскиот совет да ја потврди својата посветеност дека во рамки на цвојот мандат ќе даде нов поттик на односите на ЕУ со овој регион.
Мицкопски вчера во Брисел оствари средби и со Кошта и со новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, средби на кои ги реафирмирал ставовите дека ултиматуми нема да се прифаќаат, но дека земјата е подготвена да разговара.
Мицкоски посочи дека на средбите е испратена порака дека македонската влада останува фокусирана на реформи и на обезбедување подобри услови за живот на граѓаните, како и дека главната цел останува да биде полноправно членство на земјата во Европската Унија.
Ново на Сител
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“