Loading Video...
Кошарка
2. August 2022 - 15:31

Кошаркарските „надежи“ утре против Шпанија, а потоа на мегдан против Италија или Грција

Ддвете македонски кошаркарски селекции до 18 години, во машка и женска конкуренција денеска имаат слободен ден на континенталните првенства на кои настапуваат
 
Машката јуниорска селекција на Македонија која настапува во елитната А дивизија на Европското првенство за кошаркари до 18 години што се одржува во Измир, Турција, групната фаза ја заврши со три порази во исто толку одиграни средби. 
 
Така избраниците на селекторот Тони Синиќ, сега ќе мораат по потешкиот пат да се обидат да обезбедат опстанок во елитата. 
 
Прва пречка утревечер од 19.30 часот ќе биде фаворизираната Шпанија против која ќе играме во осминафиналето.
 
Доколку црвено-жолтите приредат сензација тогаш во четвртфиналето би играле со победникот од дуелот меѓу Италија и Грција, а во спротивно против поразениот од овој меч во првата рунда за пласман од 9-тото до 16-тото место.
 
Потсетување дека за да изборат опстанок во А дивизијата, нашите јуниори ќе мора да бидат најмалку 13-то пласирани.
 
И женската јуниорска репрезентација на Македонија за кошаркарки до 18-години настапува во „Б“ дивизијата на ЕП што се одржува во Софија
 
И избраничките на селекторот Златев, имаат слободен ден, во кој може само да одморат, и да го чекаат утрешниот последен меч од групната фаза, во кој досега претрпеа три убедливи порази. 
 
Утре во последното коло нашите јуниорки ќе играат против Хрватска која досега одигра два натпревари, на кои забележа по една победа и пораз.