Кошаркарот Јанис Тима пронајден мртов во Москва
Поранешениот кошаркар на бројни екипи од Евролигата Јанис Тима (32),е пронајден мртов во хостел во Москва, јавуваат локалните медиуми. Според првичните информации со кои располагаат медиумите се работи за самоубиство.
Летонските медиуми пренесуваа дека до телото на несреќниот кошаркар бил пронајден неговиот телефон. На екранот пишувало: „Побарајте ја Ана“.
Летонскиот кошаркар очигледно не можел да го преболи разводот со сопругата, што бил мотивот за неговото самоубиство Инаку, тој се самоубил на роденденот на 42-годишната Ана Седокова, која е украинска пејачка и актерка.
Тој помина четири бурни години во брак со неа, по што се разведоа оваа есен со големо медиумско внимание.
Тима играше во Русија во лига која не е професионална, туку за компанија, за тим наречен Аликсон.
Поранешниот репрезентативец на Латвија се одлучи на овој потег на почетокот на оваа сезона.
Тима во кариерата настапуваше за Рига, Лијепајас, Вентспилс, Зенит, односно за евролигашите Химки, Басконија и Олимпијакос.
Во подоцнежните фази од неговата кариера, тој играше и за Дарушафака, како и за Умакао Грисис од Порторико, Обрадорио и Лејкленд Меџик, развојен тим во НБА.
За репрезентацијата на Летонија одигра 56 натпревари, со просек од 9,2 поени по натпревар.
Ново на Сител
-
СДСМ: Владата ги остави граѓаните сами да се справуваат со пожарите
-
Сиљановска: Длабоко сум разочарана што се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП
-
Мицкоски: Голем број европратеници нема да гласаат за амандманот со кој се брише македонскиот јазик и идентитет
-
СДСМ: Животот на граѓаните станува се потежок, владата не може да се справи со високите цени
-
Во Штип се рушат дивоградби за да се гради Булевар
-
Преглед на вестите од светот
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Ќе пропадне ли интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен?