Кошарка
29. July 2024 - 8:59

Кошаркарите на САД убедливо ја совладаа Србија во првиот натпревар на Олимпијадата 2024

Кошаркарската селекција на САД ја совлада Србија во натпреварот по групи на Олимписките игри во Париз со убедливи 110:84.

Кај Американците најефикасен играч беше Кевин Дурент (23 поени), кај Србија - Никола Јокиќ (20 поени и осум асистенции). Големата ѕвезда, Леброн Џејмс постигна 21 поен и девет асистенции.

Во второто коло Американците ќе играа против Јужен Судан на 31 јули. Србија истиот ден ќе игра со Порторико