Loading Video...
Кошарка
27. јуни 2019 - 19:42

Кошаркарите бараат поддршка од претседателот Антиќ

Ако не се избориш сам, никој нема да ти даде. Здружението на кошаркари на Македонија одржа редовно собрание на кое изгласа промени со кои ќе се борат за подобри услови во клубовите.

            На собранието е донесена одлука за воведување годишна членарина за да се подигне асоцијатацијата на повисоко ниво.

Донесени се одлуки за ставот на играчите за многу суштински прашања (услови за тренинг и натпревар, минимална плата, пензиско и здравствено осигурување, итн). Здружението ќе работи  напорно во иднина на средби со КФСМ и клубовите за отпочнување на постапка на изработка на колективен договор кој ќе претставува една правна рамка за регулирање на правата и обврските .

МАКЕДОНСКИТЕ КОШАРКАРИ  остануваат на ставот за кој напорно се бореа во минатото во кое домашните играчи (посебно помладите) мора да добиваат поголема шанса за натпреварување во домашното првенство и затоа целосно се поддржува  сегашното правило за тројца македонски играчи на терен и апелираа до претседателот АНтиќ да не го менува.