-->
-->
Кошарка У-18: Македонија убедливо ја победи Албанија
-->
Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години забележа убедлива победа во дуелот против Албанија во рамките од Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во, Сараево, Босна и Херцеговина.
По четирите порази во првата фзана на првенството, по групи, избраничките на селекторот Горјан Стојановски, конечно ја остварија првата победа и тоа над Албанија со 79-44 во натпревар за пласман меѓу 17 и 19 место на првенството.
Со текот на целиот меч нашите кошаркарки беа подобри од албанските врснички за што говори и резултатот по четвртини: 26:6, 24:16, 13:11 и 16:11.
Со по 21 постигнат поен за црвено-жолтите Цветанка Димова и Сања Адамовска беа најефикасните кошаркарки на натпреварот.
Утре, на последниот ден на шампионатот, во истиот термин од 12 часот, македонските јуниорки ќе играат против Романија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муртезани: Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од инструментот за реформи и раст од ЕУ
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба
-
Црвениот крст собрал над 54 милиони денари
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Мицкоски: Има обид за злоупотреба на револтот на граѓаните
-
Муртезани: Стигна првата транша од ЕУ
-
Преглед на вестите од светот