Кошарка
30. January 2016 - 15:19

Кошарка - Прва лига: Работнички го пречекува Куманово

 
Во Првата македонска кошаркарска лига денеска ќе се одиграат три натпревари од 15.коло.
 
Програмата ја отвораат Работнички и Куманово со средбата во „Градски парт“, а во Кавадарци, Фени го пречекува Кожув. Во вториот меч во Скопје, „Соколите“ се апсолутни фаворити во дуелот со Струмица.
 
Мечот Бест - МЗТ Скопје ќе се игра во четврток поради настап на шампионот во АБА лигата
 
Прва лига - 15.колo
Сабота
17:00 Работнички - Куманово
18:00 Фени Индустри - Кожув
19:00 Карпош Соколи - Струмица
4.фев. (четврток)
18:00 Бест - МЗТ Скопје А.
 
Табела: 
1. МЗТ Скопје 13-1 (победи-порази), 
2. Карпош Соколи 11-3, 
3. Куманово 9-5, 
4. Фени Индустри 8-6, 
5. Кожув 7-7, 
6. Работнички 5-9, 
7. Струмица 3-1 и 
8. Бест 0-14 .