Корупцијата во Албанија е на алармантно ниво
Претседателот на Венецијанската комисија, Џани Букикио предупреди на високиот степен на корупција во Албанија.
Тој за тиранската телевизија „Визион плус“ изјави дека овој феномен се зголемува и оти борбата против него е од суштинско значење.
- Во Албанија, за жал, корупцијата е проширена во сите сфери, во судството, политиката, јавната администрација. Корупција за жал постои во сите земји. Во ниедна земја таа целосно не е елиминирана. Но, во некои, како што е Албанија, а има и други земји во Европа, корупцијата на високо ниво ги има зафатено сите сектори, не само судството. Затоа треба посилна борба против корупцијата на сите нивоа, изјави Букикио.
Според него, корупцијата може да се елмиинира преку реформи во албанскиот правосуден систем. Како човек кој е ангажиран лично во овие реформи, Букикио ја нагласува потребата од „одење со забрзани чекори во нејзино спроведување“.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата