Свет
17. February 2020 - 14:58

Коронавирусот зема се поголем замав на крузерот во Јапонија: Зарзени уште 99 лица!

Кај уште 99 лица кои се наоѓаат на крузерот „Дајмонд принцес“, закотвен во близина на јапонскиот град Јокохама, е потврден новиот коронавирус, соопшти денеска јапонското Министерство за здравство.

Бројот на заразени на бродот, во кој има 3.711 патници и членови на екипажот, се зголеми на 454, откако вчера беа прогласени 355 луѓеза заразени.

Група американски државјани евакуирани од тој брод пристигнаа денеска со специјален лет во Калифорнија, а порано беше објавено дека има најмалку 40 заразени од приближно 400 Американци кои го напуштиле бродот.

Инфицираните ќе бидат лекувани во јапонските болници.