Коронавирус и во МЗТ Скопје
Член на Стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродорм е позитивен на коронавирус, соопшти вечерва македонскиот кошаркарски шампион.
– И покрај максималното придржување кон мерките за заштита од коронавирусот, денеска член на стручниот штаб на нашиот тим беше позитивен на тестот на Ковид-19. Тој веќе неколку дена е во карантин, откако кај него се појавија благи симптоми, а по добивањето на неговите резултати од вечерва во самоизолација ќе бидат и нашите кошаркари и останатите членови на стручниот штаб.
Во текот на утрешниот ден очекуваме насоки од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, кои претпоставуваме ќе значат тестирање на сите во тимот. Играчите, тренерите и останатиот персонал се чувствуваат добро и никој од нив нема симптоми, но за нивна и општа безбедност тие ќе останат дома се до следните препораки кои ќе ги добиеме, односно додека и тие на направат тестови на Ковид-19.
МЗТ Скопје Аеродром постојано апелира на придржување кон мерките за заштита како што се редовна хигиена, носење заштитна маска и држење дистанца, како најсигурни методи за заштита од коронавирусот, се вели во соопштението на МЗТ Скопје.
Пред неколку дена позитивен на вирусот беше кошаркар на Работнички. Токму двата вечни ривала треба да се сретнат следната недела во дербито на 1. коло од македонскиот кошаркарски шампионат.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора