Loading Video...
Спорт плус
12. March 2020 - 15:28

„Корона“ вирусот ги стави во карантин спортските настани ширум светот

„Корона“ вирусот ги стави во карантин спортските настани ширум светот

- Нема фудбал, кошарка, ракомет ... во Македонија.

- „Ковид-19“ ја „суспендира„ кошарката. Нема НБА, ФИБА Куп, Евролига, АБА лига.

- Прекинати шпанските фудбалски натпреварувања. И Премиер лигата размислува во ист правец.

- Мекларен го откажа настапот на австралиското Гран-при

Проблемите кои ги предизвика „Корона“ вирусот, не се само од здравствен и економски аспект, туку тие е реален проблем и во спортот. 

Откако изминатите денови беа откажани неколку врвни спортски настани, а ден од оние што се играа беа без присуство на навивачи, во последните 24 часа, огромен е бројот на спортски асоцијации кои решија да ги стопираат сите спортски активности. 

Така во Македонија, дефинитивно нема да се игра фудбал, кошарка, ракомет, откако националните федерации денеска решија во наредниот период да ги одложат првенствените средби. Истиот чекор најверојатно ќе биде превземен и во останатите спортови. 

По одложувањето на тениските турнири од ноќеска во САД нема да се игра ниту НБА кошарка. 

Причината е францускиот интернационалец Руди Гоберт кој е позитивен на „корона“ тестирањето, по што раководството на НБА лигата, реши да го прекине шампионатот на неодредено време. 

Примерот со НБА лигата го следеа и раководствата на ФИБА и на Евролигата, како и регионалната АБА лига, па и сите меѓународни натпреварувања под капата на овие асоцијации се откажани. 

Заболен кошаркар на Реал Мадрид, Треј Томпкинс, беше причината и фудбалерите на овој клуб да бидат под надзор, па Шпанската фудбалска федерација, го „суспендира“ првенството. 

И во Италија која е нај погодена на европско тло, во карантин се фудбалерите на Јувентус и Интер, откако симптоми на „Ковид-19“ покажал играчот на Јуве, Даниеле Ругани.

Двете шпанско-италијански пресметки од осминафиналето во УЕФА Лигата на Европа меѓу Интер и Гетафе, односно Севиља и Рома, кои требаше да се играат вечерва се одложени, а од преостанатите шест меча само два засега нема забрана за присуство на публика. 

Бахреин како организатор на втората трка во новата сезона на Ф1 шампионатот, најави дека нема да дозволи публика, но ситуацијата сега е поинаква, па голема е веројатноста и в недела за кога е закажан официјалниот старт на шампионатот, да биде откажан, особено откако од тимот на Мекларен потврдија дека нема да настапа на австралиското Гранд при бидејќи член на тимот е заразен со „ковид19“.