„Кориере дела Сера“: ИД има ценовник за трговија со киднапирани деца
Џихадистичката група Исламска дражава (ИД) има изработено ценовник по кој се продаваат киднапирани деца и тинејџери, објави италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.
Весникот се повикува на изјава на специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун за прашања поврзани со сексуалното насилство, Зејнаб Бангура, кој во текот на април го посети Ирак за да прибере докази за злосторствата на ИД и за условите во кои се наоѓаат жените и децата киднапирани од џихадистите.
Според ценовникот на ИД, девојче на возраст од една до девет години се продава за цена од 165 долари, додека тинејџерките „вредат“ по 124 долари.
Бангура, кој е поранешен министер за надворешни работи на Сиера Леоне, тврди дека тој ценовник го видел за време на посетата на Ирак.
Според него, џихадистите ги препродавале кидапираните девојчиња по пет до шест пати, а имало и случаи кога се барало од нивните семејства да си ги откупат своите деца.
Ново на Сител
-
ЈП ПОЦ: Со „пајак“ санкционирани 194 непрописно паркирани возила во Центар
-
За прв пат од 2014 година во Ла Лига, Барселона не упати удар кон противничкиот гол
-
Синер го победи Де Минаур на завршниот АТП турнир
-
Џејмс е најстариот играч во НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара
-
Јокиќ со четврти последователен трипл-дабл
-
Иран: Трамп да го запре континуираниот геноцид во Појасот Газа
-
Викендов во Скопје подигнати 70 кубни метри непрописно одложен отпад
-
Украина прогласи висок степен на тревога