Коридорот 10 готов во јуни
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска извршија увид во градежните активности кои се вршат на автопатската делница Неготино – Демир Капија. Вредноста на овој проект е пет милиони евра.
- Како што информираше надзорот, се завршуваат работите од десната лента. Така што во наредниот период очекуваме од другата страна на коловозната лента градежната компанија да ја постави градежната опрема, се со цел да се отпочне тој дел на работата, рече министерот Сугарески
Со оваа автопатска делница Неготино - Демир Капија комплетно ќе се заврши Коридорот 10, бидејќи во изминатиот период беа комплетно реконструирани двата правца од Куманово-Миладиновце, исто така коловозната лента беше комплетно санирана во делот Велес -Градско.
Наредниот месец ќе биде пуштен во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица.
Китанов појасни дека се работи за траса долга 17 километри. Потсети дека сите кои се возеле по овој дел од автопатот знаат колку беше тој проблематичен.
- Но, ние се заземавме ова да се исправи и ќе се исправи, посебно десната страна ни оди во приоритет. Овој дел за триесетина дена треба да биде пуштен, доколку временските услови дозволат, нагласи Китанов.
Во меѓувреме, се бара сообраќајно решение да се префрлат на другата страна, за да можат да отпочнат со правецот од Демир Капија кон Неготино, таа да биде завршена до средината на јуни и да биде пуштена за од Табановце до Гевгелија да се вози по реставрирани и безбедни патишта.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг